Објавен е нов трејлер за играта „Лордс оф д Фолен” (Lords of the Fallen) со музика од Ајрон Мејден (Iron Maiden). Ова не е прв пат за оваа игра да се употреби музика од бенд што свири хеви метал. Таков беше примерот со легендата од осумдесетите години на минатиот век – бендот Данзиг (Danzig).
За новиот трејлерот е употребена најмаркантната песна на „Ајрон Мејден“: „Fear of the Dark“ (Страв од темнината).
Оваа игра има карактеристики на комбинација од „Елден Ринг“ и „Блодборн“, но сомнежите се дека може да „флопне“ односно да биде неуспешна се големи. Самата игра се најавува веќе подолго време иако сè уште нема датум кога би била достапна на пазарот, но е нагласено дека ќе биде оваа 2023 година.