fbpx

Не излегувајте надвор и пијте течости, порачуваат здравствените власти

-

Поради високата температура, Институтот за јавно здравје на Македонија излезе со препораки до граѓаните како да го зачуваат своето здравје.

„Се препорачува до граѓаните заштита од директно изложување на сонце, избегнувајќи излегување надвор од 11 до 17 часот, да се носи лесна облека, заштитни очила и капа, да се консумираат лесна храна и пијалаци, особено треба да обрне внимание на приготвувањето и на консумирањето на храната, како и да се избегнуваат термички приготвени производи, како, на пример, мајонез од домашни јајца, и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови, да се внесува поголемо количество течности, најдобро обична вода, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци“, стои во препоката.

До Институтот им препорачуваат на граѓаните за време на овие многу топли денови, доколку се во можност да останат во затворени и климатизирани простории, а доколку мора да излезат надвор во екот на жешкиот период, тогаш, по можност, да прават чести одмори под сенка.

Високата температура најлошо влијае на болните, особено на оние со хипертензија, срцеви болести, бронхијална астма, хроничен бронхитис, како и на лицата што боледуваат од Паркинсонова, Алцхајмерова болест, шизофренија, деменција итн. Поради ваквите услови, зголемен е бројот на пациентите во здравствените установи во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...