fbpx

Насилни инциденти на Идомени

-

Двајца полицајци и четворица бегалци се полесно повредени откако вчера избија насилни инциденти во бегалскиот камп кај Идомени. По неколку дена смиреност и никакви проблеми, вчера вечерта ненадејно избија нови судири меѓу бегалците и полицијата.

Инцидентите почнаа откако група бегалци, околу 200-300 лица почнаа да туркаат напуштен вагон кон грчката полиција во насока на оградата со Македонија.

Грчката полиција одговори со шок бомби и солзавец, на што групата бегалци почна да фрла камења и разни други предмети кон полицијата. Страстите се смирија на кратко, за бегалците одново да почнат со туркање на вагонот кон полицијата по кусо време. По ова одново се разви војна од солзавец, шок бомби и камења во судирите меѓу бегалците и полицијата.

Инцидентите се смирија нешто пред полноќ. Голем дел од бегалците беа пренесени во шаторите на здравствените организации за да добијат помош поради проблеми со дишењето од солзавецот, а двајца полицајци беа пренесени со полесни повреди во воената болница во Солун.

Во кампот денеска според официјалните бројки на грчката влада има 9.079, а вчера имаше 9.183. Според информациите еден автобус полн бегалци вчера заминал од Идомени кон бегалските центри.

Префектот на северна Грција, Апостолос Ѕиѕикостас во изјава за радиото „Практорио ФМ“ најави дека ќе интервенира во следните денови со цел да се воведе ред на Идомени, коментирајќи дека во кампот веќе се случуваат кривични дела. Ја обвини владата дека целосно има кренато раце од Идомени и се однесува пасивно кон се што се случува таму. Регираше дека поради затворената пруга се уништуваат грчките бизниси и посочи дека не е во ред во северна и централна Грција да се наоѓаат 70 отсто од сите бегалци во државата.

– Во Идомени се случуваат криминални дејствија и сметам дека треба да реагира обвинител. Не е можно владата да продолжи да не и дава наредба на полицијата да интервенира за да се отвори железничката линија која е затворена два месеци, поради што се уништуиваат грчки компании, се зголемуваат драматично трошоците на извозниците и на железницата. Имам одговорност да преземам конкретни иницијативи и ќе го направам тоа – истакна Ѕиѕикостас.

Грција вчера врати едно четиричлено семејство од Сирија, на нивно барање назад во Турција. Според „Катимерини“ првично требало да бидат испратени назад 12 луѓе, но дел од волонтерите на Хиос успеале да ги убедат другите осум да поднесат барање за азил со што се стопирал процесот на нивно враќање кон Турција. Како што информираше грчкото Координативно тело за справување со бегалската криза, од почетокот на годинава според договорот ЕУ-Туција се вратени на турско тло 390 лица од различна националност, додека, пак, според билатералниот протокол меѓу Грција и Турција се вратени 1.048 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...