fbpx

На универизтетите во Македонија предаваат 4.437 професори и соработници

-

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на наставниците и соработниците во високообразовните установи во академската 2019/2020 година изнесува 4.437. Од нив 2.176 се жени. Статистиката покажува дека бројката од претходната година се зголемил за вкупно 114 лица, односно 61 наставник и 53 соработници.

Највисок вкупен број на просветни работници има на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ односно 1.819 наставници и соработници.

Образовен кадар за 2019/2020 година:

Вкупен број наставници 3.162 (од кои жени 1.468)

Вкупен број соработници 1.275 (од кои жени 708)

Образовен кадар за 2018/2019 година:

Вкупен број наставници 3.101 (од кои жени 1.408)

Вкупен број соработници 1.222 (од кои жени 652)

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Врвен национален и државен интерес е утврдување на научната вистина

Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, би требало добро да знае дека улогата на членовите на Мешовитата македонско-бугарска комисија е првенствено утврдување на научната вистина, т.е. на фактите, а одбраната...