Модот на Елден Ринг наречен „Convergence Mod” има огромна популарност

Convergence Mod верзијата е и потешка од оригиналот за играње што уште повеќе ги предизвикува играчите да ја испробаат

Модот направен за играта Елден Ринг наречен „Convergence Mod“ моментално има огромна популарност поради широкиот спектар на нови можности што ги нуди. Има стотици нови магии, оклопите не служат само за изглед за разлика од „Ванила”, верзијата на Елден Ринг (Терминот „Ванила” во гејмерскиот речник се употребува за првични основни верзии на игрите), туку надодаваат и поени за физичка сила, прецизност, интелект.

Со овој мод играта е збогатена и со нови главни, што можете да ги победите и кои ви даваат еден куп нови магии и способности за волшебници, како и многу комбинации на магии специфични за оружја како категорија наречени Ash of War. Исто така, играта има и нови дизајни за оклопи и оружја, како и интензивни визуелни ефекти. Во првичната Елден Ринг имаше само три најкористени магии – Comet Azure, Glintstone Pebble и Rock Sling. 

Да се игра како магионичар е најлесно бидејќи само се бега и се фрлаат магии од далеку. Но борењето од блиску и користењето талисман за „скок-пук” нападите (jump attacks) не само што е поефикасно туку и подобро функционира, но бара поголем ризик и храброст како и рефлекси за избегнување удари за разлика од волшебниците што се држат на дистанца и само повремено избегнуваат удари и го „цепкаат здравјето на главниот”. Со оружја за блиска борба како мечови, халебарди и боздогани, побрзо се поразуваат главните, а и самата игра подобро се доживува.

Исто така се додадени и голем број нови класи (27 на број) во играта како Некромансер, Дреднаут, Старколер и визуелно најпопуларната Драгон Култист што го има скинот за оклоп на најтешката главна во играта Малениа (Malenia, Blade of Miquella) потешка за победување и од последниот главен.

Иако во моментов најефикасна е класата Фрост Вич (Ледена Вештерка) чиј класен оклоп изгледа како оклопот на вештерката што ве праќа на задачи (квестови) наречена Рани и преку која можете да издејствувате Ачивмент (достигнување) на еден од трите различни краеви во играта. Еве како изгледа тоа во видео од јутуберот CurtisTheCactus:

 

Овој мод е работен многу време. Имаше порано ваков сличен мод за Darksouls и излезе релативно скоро пред неколку месеци и е во фаза на Алфа Тест состојба, но од скоро гејмерите почнаа да навлегуваат и моментално е една од најпопуларните вести во светот на игрите.

Пред него имаше мод што Елден Ринг ја претвораше во ММО игра наречен Seamless за да може да се игра и во отворениот свет со пријатели. „Ванила“ верзијата нуди само групирање за поминување главни и потоа ве враќа да играте пак соло. 

Тоа што за тој мод мораше да се оневозможи Anticheat заштитата преставуваше голем проблем дека направи пропуст што овој мод беше злоупотребен и играта беше хакирана од премногу корисници за предности во играта. 

Што се однесува до Convergence Mod додатокот за играта -иако најбезбедно е да ја играте основната верзија без модови. Овој мод воопшто не влијае на сејвовите (saved games) од ванила верзијата туку ви го снима напредокот во посебен фолдер така што досегашниот напредок ви останува недопрен за оригиналната верзија на играта. Но, бидејќи има голем простор за злоупотреба како и претходниот мод Seamless, мора да ве предупредиме дека користењето на модот не е 100 проценти сигурно дека нема да наштети на компјутерот или играта. На пример Скајрим за модирањето имаше официјална дозвола и додаток на стим со едитор за модови. Модовите на Елден Ринг ја немаат таа сигурност. Сите игри се подобри да се играат како што се наменети. Convergence Mod верзијата е и потешка од оригиналот за играње што уште повеќе ги предизвикува играчите да ја испробаат.

Во светот на игрите популарноста на овој мод пикира -но ова е како “кога се јаде пред ручек и се расипува аптетит за ручекот” затоа што главното исчекување е новата официјална експанзија на Елден Ринг што нема да биде многу скоро, но гејмерите со нетрпение ја исчекуваат. Но сите ги изненади колку е всушност добро и детално сработен овој мод и гласот веднаш се прошири.