fbpx

Мирно заврши протестот пред домот на премиерот Груевски

-

Протестот на движењето „Граѓаните за Македонија“ пред зградата на премиерот Никола Груевски заврши мирно, под зголемено полициско обезбедување.

Неколкуте стотици граѓани, на протестот кој се организираше под мотото „Ука, бука! Никола, слушни ги бомбите и оди си“, со свирежи од труби, свирчиња, тапани и со врева предизвикана од удари по тенџериња и по капаци, му порачаа на премиерот дека е време да ја напушти функцијата.

На протестот беа пуштени снимки од веќе објавените прислушувани разговори, кои беа проследени со извици на „Оди си, оди си!“, „Оставка“, како и со свирежи од труби, свирчиња, тапани…

Пред граѓаните, кои носеа транспаренти со испишани цитати од прислушуваните разговори на министрите и на премиерот, се обратија потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, како и активистите Билјана Бејкова и Џелал Хоџиќ.

Организаторите на протестот порачаа дека борбата нема да запре и оти игнорирањето само ќе ги натера да продолжат да вршат уште поголем притисок и да применуваат и други, поинакви методи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...