Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска треба да ги усвојат заклучоците за Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија денеска се очекува да ги усвојат нацрт-заклучоците за Македонија, во кои се бара, меѓу другото, истрага за објавените прислушувани материјали, итни реформи во судството и во изборното законодавство. Тие треба да ги изгласаат и препораките за надминување на политичката криза, содржани во извештајот на Рајнхард Прибе.

Вчера министрите за надворешни работи час и половина дискутираа за политичката криза во Република Македонија.

Овие заклучоци в четврток и в петок ќе бидат усвоени од шефовите на државите и на владите на земјите-членки на ЕУ.

Во нацрт-заклучоците се изразува поддршка за преговарачкиот процес на политичките лидери во земјата и за договорот од 2 јуни.