Министерот Шаќири се сретна со победниците на натпреварот „NASA Space Apps Challenge“

Фото: Министерство за образование и наука

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска оствари средба со средношколците од „Зеф Луш Марку“, „Раде Јовчевски – Корчагин“ и „Орце Николов” од Скопје, кои победија на националниот натпревар „NASA Space Apps Challenge“.

Шаќири им честиташе го постигнатиот успех и освоеното прво место и истакна дека натпреварите како „NASA Space Apps Challenge“ се дел од поголем процес за подготовка на нова генерација на научници, инженери, астронаути и истражувачи, кои ќе ги предводат светот во извршување нови мисии.

„Среќен сум што овој интернационален настан во континуитет го препознава исклучителниот квалитет, амбициозност и талент кај нашите млади луѓе“, рече министерот.

Два тима средношколци ќе одат во НАСА, за првпат жирито избра два победнички тима