Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“ од утре во Аеродром

Претставите и стенд-ап настапите ќе бидат со почеток од 21 часот, а влезот за заинтересираните посетители е слободен, но е дозволен само за лица над 16 години

Со претставата „Страданијата на првата брачна моќ на Миле Султан“ од Србија утре ќе се отвори годинешното издание на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“, што ќе се одржи од 21 до 25 јуни на фудбалскиот стадион во Реонскиот центар во Аеродром, информираат од Општина Аеродром.

„Традиционалниот фестивал е во организација на Општина Аеродром и Театар Комедија, а годинава акцентот на репертоарот е ставен како на врвни театарски претстави и актери од регионот, така и на стенд-ап настапите на македонски познати комичари и актери, кои последните години привлекуваат огромен интерес кај публиката“, велат од Општина Аеродром.

Претставите и стенд-ап настапите ќе бидат со почеток од 21 часот, а влезот за заинтересираните посетители е слободен, но е дозволен само за лица над 16 години.