fbpx

Матурантите ќе се запишат на факултет за знаење

-

Најголем дел од идните студенти ќе се запишат на факултет за да стекнат повеќе знаење во областа што ги интересира, покажува анкетата на порталот „Факултети“ направена меѓу 446 матуранти.

Според резултатите, 27 проценти од анкетираните матуранти како втора причина за запишување на факултет ја одбрале дипломата бидејќи сметаат дека полесно ќе им донесе вработување, а 18 проценти од нив го прават тоа поради семејството.

На истото прашање на анкетата пред две години, дури 80 проценти од идните студенти одбрале дека сакале да студираат за да стекнат повеќе знаење во областа што ги интересира.

Државен факултет бил избор на 83 отсто од анкетираните средношколци, а за приватен се одлучиле шест отсто. Девет проценти ќе се обидат на државен, па доколку не успеат ќе се запишат, ќе одат на приватен, а два отсто ќе се обидат на приватен, па доколку не успеат, ќе се запишат на државен универзитет.

На 60 отсто од матурантите, финансирањето на факултетот ќе им го овозможат родителите, 25 отсто ќе аплицираат за стипендија, 11 проценти би сакале да работат хонорарно, а четири проценти од нив ќе се финансираат преку кредит од банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...