Малолетничка починала од струен удар на железничка пруга во Илинден

-

Малолетничка синоќа починала од струен удар кој настанал додека таа била качена на кров на цистерна на железничка пруга во општината Илинден, соопшти Министерството за внатрешни работи. Како што оттаму објаснуваат во денешното соопштение, случајот кај нив бил пријавен синоќа околу 21 часот.

„По извршениот увид утврдено е дека малолетничка која таму била уште со двајца малолетници, се качила на кровот на цистерната која се наоѓала на железничката пруга, при што настанал струен удар. На местото на настанот починала малолетничката, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош“, инфрмира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата малолетничка било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

За несреќата денеска стаса соопштение и од Јавното обвинителство, од каде што соопштуваат дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на МВР и обдуцент од Институтот за судска медицина извршиле увид на лице место на железничка станица во општина Илинден, каде според првичните сознанија, како последица на струен удар починало 14 годишно девојче.

„Првичните информации упатуваат на тоа дека несреќата се случила кога девојчето со уште две други деца си играло околу паркираните вагони, при што во еден момент се качило на еден од вагоните и се допрело до жиците за струја под висок напон“, соопштуваат оттаму.

Од обвинителството додаваат дека и со останатите две малолетни лица – сведоци на настанот е извршен разговор, како и дека местото е фотографирано и се работи на испитување на сите околности кои довеле до трагичниот настан.​

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија за спречување...

Трамп нареди објавување на илјадници класифицирани досиеја за атентатите на Џон Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на функционерите да направат планови за декласификација на документите поврзани со три атентати - на Џон Ф. Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг...

ТАВ Аеродроми: Нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека „easyJet“, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен...

Уште четири лица осомничени за терористичка организација

Под раководство на јавен обвинител, вчера била спроведено координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал и за специјални полициски операции, во рамки...

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија...