fbpx

Макрон повика на митинг против екстремната десница на вториот круг од изборите

Вчера имаше демонстрации против француската крајнодесничарска партија Национален собир, кои ги организираше екстремната левица, а се претворија во судири со полицијата и немири во центарот на Лион

-

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на „големо демократско и републиканско обединување“ во вториот круг од предвремените парламентарни избори во Франција против екстремно десничарската партија Национален собир, која е во водство на првиот круг од изборите.

„Големиот одѕив во првиот круг сведочи за важноста на ова гласање за сите наши сонародници и желбата да се разјасни политичката ситуација“, рече Макрон.

„Соочени со партијата Национален собир, дојде време за голем, јасен демократски и републикански митинг во вториот круг од изборите“, рече Макрон веднаш по вчерашното објавување на резултатите од излезните анкети по затворањето на гласачките места.

Национален собир на вчерашните избори освои најмногу гласови – повеќе од 34 отсто, во првиот круг од вонредните парламентарни избори во Франција, според првите проценки на излезните анкети по затворањето на избирачките места.

Новиот народен фронт (односно обединетата лева коалиција) 28,5 отсто, а центристичката алијанса „Заедно“ (во која е и партијата Преродба на францускиот претседателот Емануел Макрон) е на трето место со 22,1 отсто, додека републиканците се четврти со 9,7 отсто.

Вториот круг од изборите ќе се одржи на 7 јули.

Вчера имаше демонстрации против француската крајнодесничарска партија Национален собир, кои ги организираше екстремната левица, а се претворија во судири со полицијата и немири во центарот на Лион, објавија француските медиуми.

Изборите беа ненадејно распишани од Емануел Макрон, откако неговата партија Преродба претрпе пораз од екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

48 годишен скопјанец физички ја нападнал поранешната сопруга

Жена била физички нападната од својот поранешен сопруг на подрачјето на општина Центар, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 01 јули во 21 часот во СВР Скопје, 26 годишна...