Македонската актерка Симона Живковска се вери со музичарот Абилио Жоао

Фото: Simona Zivkovska, Twitter

Светски познатата актерка со македонско потекло, Симона Живковска денес на својот  Твитер профил ја најави среќната вест за нејзината свршувачка со англискиот музичар и рапер Абилио Жоао.

Таа на својот профил напиша: „НИЕ СМЕ ВЕРЕНИ!“ надополнувајќи со извадок од библијата кој гласи:

„Сега мажот треба да ги напушти своите родители и да се задржи до својата сопруга за тие да станат едно“

Жоао кој е музичар со потекло од Африка исто така ја сподели веста на својот Инстаграм профил и напиша: „Бог нека ја благослови нашата заедница. Мојата идна жена и нашите семејства. Нека ни дозволи да успееме и да се заштитиме од злото. Амин.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Abilio Joao (@brokenpen_)

Симона Браун Живковска е британска актерка со две наследни потекла, македонско и западно индиско. Таа е родена во Скопје при што го зборува македонскиот, српскиот и хрватскиот јазик. Во нејзините рани години се преселува во Лондон, Велика Британија. Нејзината актерска кариера го одбележува врвот со улогата во филмот Black Widow (2021) под продукција на Marvel Studios. Таа глумеше и во психилошкиот трилер Cordella во 2019. Се појавува во телевизиските серии My Murder, Devils, Holby City, Doctors и други кратки филмови и театарски проекти. Покрај глума таа е посветена на пишување поезија и други форми на изразување преку зборови. Нејзиниот интерес кон филмската индустрија го продлабочува кога во 2018 година се запишала на ‘MET Film School’ во Лондон.

Абилио Жоао, познат како ‘Broken Pen‘ е автор на популарната рап песна Mona Lisa која излезе во 2020 година. Негови други песни се Take Me To The Water, Back in the day, Smoke, Greater и бројни други. Тој е посветен текстописец уште од својата осумнаесетгодишна возраст, а често се појавува на натпреаври за слободно рецитирање и изразување како и читање поезија.