Дарја Ризова доби награда за најдобра актерка на меѓународен фестивал во БиХ

Фото: МНТ

Македонската театарска актерка Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра актерка од публиката на деветтото издание на Фестивалот на актерот во Коњиц, Босна и Херцеговина.

На меѓународниот фестивал на кој жирито го сочинува само публиката учествува девет професионални театри од регионот: Србија, Хрватска, Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Ризова ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ и режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонскиот Народен Театар.

Повеќе за претставата може се да види ТУКА.