Љупчо Палевски на 4 септември ќе седне во обвинителна клупа за двојното убиство

Расправата беше закажана за денеска, но беше отповикана по предлог за одлагање од Основното јавно обвинителство кои го известија судот дека истрагата против Љупчо Палевски Палчо е завршена и дека ќе биде изготвено и поднесено обвинение кое се однесува на истиот предмет

-

Главната расправа за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски ќе се одржи на 4 сепрември, информираше Основниот кривичен суд.

Инаку, претходно, расправата беше закажана за денеска, но беше отповикана по предлог за одлагање од Основното јавно обвинителство кои го известија судот дека истрагата против Љупчо Палевски Палчо е завршена и дека ќе биде изготвено и поднесено обвинение кое се однесува на истиот предмет.

Претходно, обвинението се однесуваше на 4 лица, а со обвинението против Палевски, за двојното убиство на обвинителна клупа ќе седнат петмина, со предлогот за спојување на двете постапки.

Во истражниот затвор во Шутка се Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски кои се осомничени за грабнување според член 141 од Кривичниот законик, и за две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие). Тројцата, заедно со Љупчо Палевски, се дел од политичката партија Десна.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, се сомничи дека им помогнал при извршување на кривичното дело – грабнување на малолетно лице. Тој сега е во домашен притвор, откако Врховниот суд ја уважи неговата жалба.

Според обвинението, Палевски, Кешишов, Маневски, Видевски на 22.11.2023 година го грабнале Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

„Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано “Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри“, велат од Јавното обвинителство.

Пет дена подоцна, на 27.11.2023, четворицата извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата “Наум Наумовски Борче” во Скопје.

„Откако претходно обвинетиот татко на оштетеното дете, преку првоосомничениот дал упатства за времето кога девојчето ќе излезе само за да оди на училиште, тројцата сега обвинети дошле пред влезот на зградата каде живее оштетеното дете“, се вели во соопштението.

Четворицата, со штрафцигер ја отвориле вратата од влезот на зградата, па кога жртвата излегла од лифтот, ја фатиле, ја совладале и ја врзале, заканувајќи ѝ се да не вика затоа што ќе пукаат. Потоа, ја ставиле во вреќа за спиење со подотворен патент и со автомобил ја однеле во близина на местото викано „Дупки”, во атарот на селото Бразда.

„Таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице, така што првоосомничениот и нанел огнострелна повреда со истрел од пиштол со калибар 9 милиметри, а обвинетите го закопале телото во претходно ископана дупка. Потоа на нива покрај земјен пат, во атарот на селото Бразда, го запалиле автомобилот „Цитроен” со велешки регистарски таблици, за што употребиле бензин во туба што го набавил еден од обвинетите“, стои во обвинението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ИЈЗ: Ако 190 лица пешачат, за една година ќе заштедат повеќе од 108 илјади евра

Истражувањето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), покажа дека економската придобивка од пешачењето на 191 учесник за една година изнесува 108.808 евра и 3 предвремено спречени смртни случаи за...