fbpx

Луѓе од странство се носат со авиони за гласање!

-

На вечерашната трибина на СДСМ во „Универзална сала“, се обрати и генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

– Знаевме сè, само нема каде да слушнеме поради нивната пропаганда. Но, тие слушале сè. Противзаконски слушале повеќе од 20.000 граѓани. Прислушувале со години. Според законите во Македонија, во најекстремни случаи посебни истражни мерки можат да постојат само 14 месеци. Тие прислушувале со години – рече Спасовски.

Во „Универзална сала“ продолжија снимките од прислушуваните разговори, од кои се гледа како се договарал транспорт на луѓе од странство за гласање.

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, во една од снимките што беа објавени вечерва, се договраат да пренесат луѓе од Италија за изборите.

Јанакиески, во друга од објавените аудиоснимки, се договара со соговорник за тоа колку пари се потребни за тоа да се среди – 100.000 или 150.000 евра.

Протоѓер, пак, во разговор со Јанакиески зборува за фирмата „Илинден“, која асфалтирала улици во Охрид за време на избори. Тој на Јанакиески му кажува да среди градежната фирма веднаш да прекине со работа, „инаку ќе му е… мајката“.

Миле Јанакиески зборува со соговорник за човек кој работел со Заев и како треба да му каже дека треба да соработува со нив, а ако не соработува, по изборите, кога повторно ќе бидат на власт, „црно му се пишува“.

Власта, како што објави СДСМ, го злоупотребува и телкомот.

Јанакиески и Жарко Лукоски во една од вечерва објавените аудиоснимки зборуваат за списоците со вработени во „Телеком“, при што мминистерот го прашува директорот „дали ја тера работата“ и го насочува да врши притисок врз вработените со тоа дека ќе бидат отпуштени ако не гласаат за нивната партија.

Јанкулоска со Божиновски, пак, според тоа што се слушна од нивни прислушуван разговор, договараат да најдат телефони на луѓе за да видат каде живеат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...