fbpx

Контраспин: Со генерализации и спинови ВМРО-ДПМНЕ бербати сè што сработи СЈО

-

ВМРО-ДПМНЕ, која е најзасегната од работата на Специјалното обвинителство, со извртување на вистината дека СЈО му служело на Заев и само за рекетирање, а притоа наводно биле потрошени 12 милиони евра јавни пари, фрла кал врз сите предмети што ги отвори и ги тера(ше) СЈО за 4 години. Партијата ова го прави користејќи го случајот „Рекет“ и на тој начин се обидува да го сруши сето она што го сработи СЈО од неговото основање. Пораката која се обидуваат да ја испратат до јавноста е дека нивната партија и лицата засегнати од обвиненијата и истрагите се апсолутно чисти и се само жртви на политички прогон и на рекет, пишува Теофил Блажевски во Вистиномер.мк.

Главната опозициска партија издаде соопштение во кое по наша оценка има извртени вистини, т.е. спин: „СЈО 4 години испумпа 12 милиони евра пари на граѓаните кои се потрошија за плати и хонорари за обвинителите рекетари и нивните роднини вработени како административен персонал. СЈО ги трошеше парите на граѓаните, а работеше за Зоран Заев. Заев најавуваше хајка, а СЈО веднаш отпочнуваше монтирана истрага. На обвинителите на СЈО им беа овозможени сите услови и комоција за работа, истите злоупотребија се и беа маша за рекетирање…
… Многу дадени пари од граѓаните, а ефект никаков. СЈО беше само маша во рацете на Зоран Заев за спроведување на хајки и криминал. Одговорност за целото незаконско работење ќе има.“

[ИЗВОР:ВМРО-ДПМНЕ/веб страна – Соопштение – датум: 20.09.2019]

Контраспин: Партијата која е најзасегната од работата на Специјалното обвинителство со извртување на вистината дека СЈО му служело само на Заев и само за рекетирање, а притоа биле потрошени 12 милиони евра јавни пари, фрла кал врз сите предмети што ги отвори СЈО за 4 години. Пораката која се обидуваат да ја испратат до јавноста е дека нивната партија и лицата засегнати од обвиненијата и истрагите се апсолутно чисти и се само жртви на политички прогон и на рекет. Но, вистината е малку поинаква.

Во соопштението/став на ВМРО-ДПМНЕ се прави општа генерализација, се манипулира со медиумски написи кои кажувале колкави биле платите на доскорешната специјална обвинителка Катица Јанева и на другите обвинители (на пример, ден порано од нивна страна беше поименично споменат и Гаврил Бубевски и повеќе други), се потенцираат непотистички вработувања во СЈО и на крај се заклучува дека биле „многу дадени пари од граѓаните, а ефект никаков“.

ЕФЕКТИТЕ ДОПРВА ЌЕ ДОАЃААТ

Ефектот засега можеби не е многу видлив, освен ако не се земе предвид дека во случајот „Тенк“, правосилно осуденииот Никола Груевски, експретседател и сегашен почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ е во бегство за да не ја издржува казната, а имаме и една ослободителна пресуда во прв степен за Драган Павловиќ- Латас во случајот „Тревник“. Но, да не се заборави и фактот дека според извештаите на СЈО, особено последните три, во предметите што ги застапуваа обвинителите од ова обвинителство осудени се над 10 лица од кои апелација ја потврдила пресудата за петмина (заклучно со 15 март 2019).

Патем, свен овие погореспоменатите случаи/процеси водени по обвиненија на СЈО, во судовите има уште 20 -тина други, вклучувајќи ги и Талир 1 и Талир 2, случаи кои директно се однесуваат на перење пари од страна на поранешниот и дел од сегашниот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ и незаконска изградба на седиштето на партијата, т.н. Бела палата, поради што и имотот на партијата е сè уште замрзнат.

Така што, основниот спин, т.е. извртување на вистината од страна на ВМРО-ДПМНЕ, се состои во фактот што ефектот, односно проценка на објективноста на обвиненијата ќе има кога ќе заврши севкупната судска постапка. Исто така, ефектот ќе се согледува и во поглед на истрагите – 10 –тина готови и уште десетици предистраги. Со префрлањето на ингеренциите на СЈО во Јавното обвинителство на државата, само ова обвинителство е надлежно да каже дали и кои предистраги и истраги ќе продолжат до ниво на обвиненија, додека тековните предмети веќе продолжија со работа со назначување на дел од поранешните обвинители на СЈО да продолжат да ги застапуваат обвиненијата пред судовите.

Севкупно земено, ефектот од четиригодишното работење на СЈО не е, ниту може да бид мал и занемерлив. А особено не може да станува збор за „никаков ефект“, како што оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ, кои за да го поткрепат овој спин, се служат со уште еден, а тоа зголемување на вкупно потрошените финасиски средства, што не им е прв пат.

Целата анализа на следниот линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...