fbpx

„Комунална хигиена“: Kабастиот отпад може да се одлага бесплатно во Карпош и Вардариште

-

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ги информира граѓаните дека својот кабаст отпад, во кој што спаѓа стариот мебел, електронските и електричните апарати, може да го одлагаат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот, без плаќање на паричен надоместок.

„Доколку имаат потреба за користење на нашите специјални возила за транспорт, оваа услуга може да ја побараат на бесплатниот телефонски број 0800 222 33. Уште еднаш сакаме да ве потсетиме дека кабастиот отпад не смее да се одлага ниту на јавни површини, ниту во садовите за отпад. Секое исфрлање на отпад на јавни површини претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загадува околината“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...