fbpx

Ќе се зголемува цената на златото

-

Побарувачката за злато до 2030 година ќе биде двојно зголемена и ќе достигне 5.000 тони, наспрема сегашните 2.500, што ќе доведе до зголемување на цената на 2.400 долари за унца, сметаат експертите.

Аналитичарите од Австралиско-новозеландската банкарска група сметаат дека за 15 години цената на златото ќе достигне рекордно ниво.

Краткорочната целна цена на златото е 1.100 долари, но долгорочно се очекува пораст и тоа поради зголемувањето на богатството во Азија, порастот на инвестиции и зголемувањето на резервите на централните банки.

Златото во моментов е на околу 1.147 долари за една унца, а на рекордно ниво беше во 2011 година кога цената се искачи дури до 1.921 долар за една унца.

Експертите велат дека Русија нагло го зголемила откупот на злато на светскиот пазар во текот на минатата година и значително ги пополнила златните резерви, па на крјаот на минатата година имала повеќе од 1.100 тони злато.

Најголемо количество златни резерви имаат САД – 8.100 тони, Германија – 3.300 тони, Италија – 2.450 тони и Франција – 2.440 тони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...