Играта без насилство Cities Skylines бесплатна на Epic Games до 17 Март

Cities Skylines скриншот од Epic Games
Cities Skylines скриншот од Epic Games

Ненасилната игра Cities Skylines е бесплатна на Epic Games до 17 март. Се работи за игра каде градите цел огромен град и потоа го управувате, од превоз до водовод, од универзитети до големи облакодери. Во играта градот заживува и сообраќајот и луѓето кои се движат по него се интеранткивни. Одлична симулација на голем размер во која можете да зумирате до детали.

Исто така, има и криминал и пожари што се случуваат во градот што можете да ги спречите и изгаснете. За разлика од „Sim City“, во оваа игра пожарите не се шират на други згради ако се запали една зграда. Се случуваат и елементарни непогоди како земјотреси и торнада што можат да ви го уништат градот или одредени делови. Има и дел со туризам во градот за што ставате атрактивни содржини што би ги гледале туристи. 

Иако е направена во 2015 година, графиката сè уште е супер и самите механики на играта се толку детални што на повеќето луѓе и им пречи што има толку многу опции за градење. Пример, водоводот го поставувате рачно и треба да внимавате местото каде што се пуштаат отпадните води да не е блиску до местото каде што се зема водата за пиење за градот и покрај градење пречистителни станици. Но, исто така, можете да додадете и голем број еколошки технологии за производство на струја, како соларни панели и ветерници што произведуваат струја.