fbpx

Гувернерката и министерката за финансии ќе учествуваат на форумот „Еуромани“ во Виена

-

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, ќе учествуваат на еден од водечките традиционални настани од областа на финансиите – Форумот на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија.

На овој настан, редовно присуствуваат повеќе од илјада учесници – гувернери на централни банки, министри за финансии, раководители на финансиски институции и инвеститори. Во дискусиите и анализите на учесниците, секоја година, вниманието е насочено кон најважните прашања за финансиските пазари и воопшто за економиите во Централна и Источна Европа (ЦИЕ).

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе биде говорничка на првата панел-дискусија посветена на монетарната политика, во чиј фокус ќе бидат предизвиците за глобалната економија и економиите на ЦИЕ оваа година, во контекст на поставеноста на монетарната политика и очекуваните движења на финансиските пазари. Предвидено е да се разговара и за приоритетите во унапредувањето на супервизијата на банкарските системи во регионот и во активностите за намалување на готовината во економиите.

Министерката за финансии Ангеловска ќе учествува на Панелот на министри, на кој ќе бидат дискутирани влијанието на евроинтеграциите на бизнис-климата во земјите и на потенцијалните инвеститори, економските движења, како и потенцијалот на е-трговијата да придонесе во развојот на економијата.

Ангеловска, исто така, ќе учествува на панелот организиран од страна на Уникредит на тема „Фискални предвизици во изборна година“, на кој ќе се зборува за јавните инвестиции, за наплатата на приходи, како и за фискалните проекции.

На маргините на Форумот, Ангеловска ќе оствари средба со Јирген Ригтеринг, прв потпретседател на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). На средбата ќе стане збор за досегашната соработа на земјава со банката, за тековните проекти, како и за идни проекти кои ЕБОР би можела да ги финансира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...