Група курдски милитанти загинаа во судир со турската војска

Турските сили на безбедност ликвидираа 11 курдски милитанти во судирите во Анадолија, недалеку од границата со Сирија и со Ирак, а еден војник загина во вооружен судир на југоистокот на Турција, соопштија властите.

Судирите во овој регион, кој претежно е населен со Курди, продолжуваат по двегодишното примирје што го прогласи Курдистанската работничка партија, а беше прекинато во јули.

Тогаш загинаа стотина луѓе и беше суспендиран мировниот процес кој Анкара го воспостави кон крајот на 2012 година со Абдулах Оџалан, водач на радикалната струја меѓу Курдите, кој се наоѓа во затвор.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе се бори против нив сè додека сите милитанти не се ликвидирани.