fbpx

Грција доби четиримесечно одложување за враќање на долгот

-

Грција вечерва во Брисел доби четиримесечно одложување за враќање на долгот. 

Атина и Брисел се договорија в понеделник, до крајот на работниот ден, грчката влада да поднесе список на реформи што ќе ја доведат во подобра позиција за продолжување на програмата за финансиска помош.

Според бриселските функционери, договорот е постигнат „во пет до 12“. 

За грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, договорот значи „отворање нова страница за Грција и нова страница за Европа“.

Овој договор беше постигнат на денешниот вонреден состанок на Еврогрупата, составена од 19 земји во еврозоната, а по десетдневно преговарање со новата грчка влада.

Договорот на Грција со Еврогрупата е постигнат по неколку посебни состаноци меѓу германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, неговиот грчки колега, Јанис Варуфакис, претседателот на Еврогрупата, Јером Дијселблом, првата дама на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Легард, и еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси. 

Договорот привремено ја отстрани опасноста Грција да остане без пари на почетокот на идниот месец кога истекува сегашната програма со кредиторите.

Во соопштението, Еврогрупата го потврди договорот со грчките власти, соопштувајќи дека новата влада, на чело со Алексис Ципрас, „силно се обврзала на понатамошни и длабоки структурни реформи за подобрување на економскиот пораст и обезбедување финансиска стабилност, со имплементирање реформи за борба против даночната евазија и ефикасност на јавниот сектор“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...