fbpx

Град Скопје апелира да се користат алтернативни рути за влез, додека се реконструира булеварот Александар Македонски

-

Град Скопје информира дека во тек е голема градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици, па поради тоа апелираат, граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред се поради големата реконструкција на бул. Александар Македонски во општина Гази Баба.

„Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населба Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош кон општина Чаир како и на исклучувањата кај населба Визбегово кон Момин Поток и населба Волково кон општина Ѓорче Петров. Реконструкцијата на бул. Александар Македонски е на потегот од крстосницата со улица 16-та Македонска бригада до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот. Реконструкцијата се реализира фазно, а на терен истовремено се работат 3 од вкупно 4 фази на реконструкцијата.Булеварот ќе се реконструира во должина од 5.300 метри, што претставува најдолга делница на која Град Скопје работи во моментов,“ се вели во соопштението.

Град Скопје уште еднаш апелира до граѓаните да бидат трпеливи и да ги почитуваат новонастанатите услови на патот како и посебните сообраќајни режими со кои се регулира сообраќајот за време на реконструкцијата на булеварот каде ќе се работи деноноќно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...