Голем гејмерски настан „Без пауза” на Јапан@мк ќе се одржи на 24 август

Подготвуваме еклектично гејмерско доживување во вид на гајминг клуб каде што ќе може да доживееме многу нешта одеднаш на едно место“, се вели во објавата на Фејсбук поврзана со настанот

Илустрација: Јапан@мк

На 24 август (сабота) во Base42 во Скопје ќе се одржи голем гејминг настан пропратен со мултимедијални презентации од доменот на гик-културата во организација на Јапан@мк.

„Во стилот на јапонската гејмерска култура подготвуваме еклектично гејмерско доживување во вид на гајминг клуб каде што ќе може да доживееме многу нешта одеднаш на едно место“, се вели во објавата на Фејсбук поврзана со настанот.

Илустрација: Јапан@мк

Најавено е дека прв пат кај нас ќе гледаме се гледа „спидран“ во живо и тоа на две тешки souls игри – „Dark souls 1” и „Sekiro: Shadows die twice” со спидранерите Тод и Purple Empress.

Понатаму, креаторите на долгоочекуваната игра Skopje ’83 ќе го раскажат патешествието по кое може животот може да ве однесе ако сте гејм дизајнер со голема страст, а воедно ќе може да се проба и демото на играта.

На настанот, „Гоблин – друштвени игри“ ќе промовира нови игри за забава кои ќе можe да се играат заедничкии, а оние кои се расположени за гејмање ќе се забавуваат со Нинтендо свич игри. Истовремено, пасионираните колекционери ќе имаат свое катче за размена на колекционерски производи: постери, маички, играчки, фигури, манга и сл.

Уметницата, гејмерка и пасионирана колекционерка Софија Шахпаска ќе ги презентира нејзините гејм концепт дизајни, колекционерски производи и ќе подготви специјални принтови, стикери, 3Д принтани фигури и приврзоци, а ќе можат да се набават и производи од Dolly’s Croshet Shop и Funkogram.

Натпревар во фудбалче во парови ќе водат претставници на подмладокот на Јапан@мк, а наградата за победниците ќе биде на „Гоблин – друштвени игри“.

На настанот е најавен и квиз за најголемите гејмери: „Погоди ја играта“ со идентификување на локации од различни игри.

Сето ова ќе биде придружено со освежување со гејмерски коктели подготвени од Шортбас и Платформ 0.10.