fbpx

Многубројна публика за израелската претстава „Нашиот клас“

-

Театарската публика го наполни предворјето на црквата „Св. Софија“, во Охрид за првонаградената претставата, „Нашиот клас“, како најдобра изведба на годината во Израел, со актери од театарите „Камери“ и „Хабима“ од Тел Авив.

Зад оваа претстава, која ќе се игра и во Битола и Скопје, стојат најдобрата кореографија и најдобрата продукција за преведена драма изведена во Израел.

Публиката во Охрид доживеа една значајна продукција со извонредни театарски вредности.

Претставата „Нашиот клас“ е работена според делото „Комшии“ на полскиот автор Тадеуш Слобоѓањек, во режија на Ханан Снир. Темата за холокаустот на Евреите, погледната од еден поинаков агол, е само појдовна точка.

Вечерва, на програмата е музички концерт во „Св. Софија“, посветен на творечкиот опус на македонскиот композитор Властимир Николовски (19925-2001), по повод 90-годишнината од неговото раѓање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Старо обраќање на Црвенковски од пред три години прикажано како ново пред изборите

Пред изборите кои се одржаа на 8 мај 2024 година, Црвенковски немал никакво обраќање ниту порака испратена до власта. Црвенковски испратил порака дека Македонија е корумпирана држава, но тоа не...