Фото: Влада на РСМ

До средина на оваа година ќе извадиме одобрение за градење а до крај на годината, а може и порано да распишеме тендер за изградба на магистралниот гасовод од Неготино до Гевгелија, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Гевгелија.

Министерот додаде дека проектот е готов, за него има одобрение од министерство за животна средниа и заедно со Национални енергетски ресурси се работи за побрза изградба на оваа магистрална делница.

„Гасификацијата е доста значаен проект за сите. Во делот на плановите за изградба на магистралниот гасовод од Гевгелија до Неготино, имаме готов проект и моите очекувања се дека во текот на летниот период ќе извадиме одобрение за градење и до крај на годината да го тендерираме. Се работи за проект за изградба на гасовод во должина од 68 километри со што ова е уште еден чекор за поврзување со интерконекторот со Грција. Во меѓувреме, оштините да работат на секундарната мрежа и преку НЕР заедно да ги надминене сите проблеми со кои се соочуваат. За мене е значајно што во текот на оваа година завршуваат гасоводите од Неготино до Битола и од Скопје до Гостивар“, изјави Бочварски.