Фото: НАТО | nato.int

Суштинска и трајна цел на НАТО е да се грижи за слободата и безбедноста на своите сојузници, со сите политички и воени средства што ги има на располагање. Колективната одбрана се наоѓа во самото седиште на Алијансата и на тој начин го создава духот на солидарноста и кохезијата кои непрекинато циркулираат во рамките на сите нации. Политичкото гледиште на НАТО овозможува автентична основа за сојузниците да дискутираат за широка лепеза на политички проблеми. Истовремено, се промовираат демократските вредности, а на сојузниците им е овозможено да се консултираат и соработуваат за решавање на проблемите за прашања поврзани со одбраната и безбедноста, градење доверба на долг рок и спречување  конфликти.

Сепак, многумина сè уште не ја разбираат главната задача, улогата и мисијата на НАТО. Таков е случајот и во дел од државите кои неодамна станаа сојузници. Додека едни не се импресионирани од мисијата на Алијансата, други одат до таа мера што целосно го дискредитираат НАТО секаде каде што ќе добијат шанса, едноставно поради ширење дезинформации, лични убедувања или за да бидат контроверзни.

Важно е луѓето да разберат дека НАТО е исклучиво воен сојуз, па ако сакаме да живееме во слободна земја, најдобро е да ја имаме Алијансата на наша страна која што понатаму ќе ја држи вратата отворена за нови сојузници и прифаќање на нови земји-членки. Откако Северна Македонија стана членка на НАТО, членството честопати беше користено како предмет на критика на домашната политичка сцена. Паралелно, говорот на омраза и префрлување на вината кон Алијансата за проблемите што ги имаме во земјата вртоглаво се зголеми, што е целосно неосновано и неоправдано. Може да се утврди дека ваквите луѓе не се свесни за трите основни вредности на НАТО; управување со кризи, партнерство и колективна одбрана и колку сериозно се сфаќаат овие вредности.

Но, има неколку позитивни размислувања меѓу негативните, со тоа што некои корисници на социјални медиуми кои потекнуваат од земји што не се членки, но сега се сојузници, ги препознаваат придобивките од тоа да се биде дел од НАТО Алијансата. Некои луѓе сè уште веруваат дека нивната земја не треба да биде сојузник на НАТО ниту сега, ниту во иднина, па ваквите објави се одличен пример за подигнување на свеста за основните вредности, задачи и должности на НАТО, надвор од она што тие го придонесуваат за воените сили.

На крајот на краиштата, НАТО има голем број задачи и вредности, освен воената одбрана. Како и оние што претходно ги спомнавме – управување со кризи и партнерство, одбранбените активности одат многу подалеку од воената одбрана. НАТО во изминатите години прерасна во политичко-воена организација со многу моќна алатка за градење доверба меѓу своите нации, наместо да биде исклучиво воена алијанса. Како пример за тоа се политичките консултации, воведени како дел од темелите на деловната активност на НАТО.

Во Северна Македонија и Балканот општо, овие бенифити не се толку препознатливи како што се во другите делови на светот. Повеќе од сè, влезот на Северна Македонија во НАТО предизвика голема политичка агресија помеѓу граѓаните, новинарите и другите чинители во општеството.

Дополнително, НАТО беше посочен како виновник за немилите настани и во другите земји членки, за на крај да се обелодени дека станува збор за лажни вести. Затоа, запирањето на лажните вести, едукација на нејзините земји-членки за тоа како да препознаваат и да не паѓаат на дезинформации е исто така една од задачите на НАТО. Ова особено се забележа за време на пандемијата КОВИД-19 кога НАТО интензивно работеше со цел да ги отстрани лажните вести во врска со методите на превенција на КОВИД-19, симптомите на вирусот, можните лекови и слично.

Периодов сретнавме многу примери на политичка агресија, обиди за нарушување на кредибилитетот на НАТО преку лажна реторика и општо неодобрување на се што е поврзано со НАТО кои што се појавија на Фејсбук профилот на контроверзен македонски новинар со над 60 илјади следбеници. На неговата Фејсбук страница, тој саркастично коментира за Русија и нивната стратегија за саботирање на западната култура и евро-атлантските интеграции во другите источно-европски земји, а особено на Балканот. Додека сарказмот во текстот е повеќе од очигледен, една од најважните задачи на НАТО останува одбраната на светскиот поредок. Затоа, од Алијансата вложуваат големи напори за да го намалат влијанието на пропагандата врз своите земји членки.

Во меѓувреме, некои луѓе како што беше случајот со амбасадорот на САД амбасада во Северна Македонија, беа брутално критикувани што ѝ честитале на победничката политичка партија СДСМ за победата на парламентарните избори. Во честитката, каде што амбасадорот вели дека „со нетрпение го очекува понатамошно партнерство меѓу НАТО и Северна Македонија“ предизвика сериозен излив на бес кај некои корисници на социјалните медиуми. Овој говор на омраза, сепак, е целосно неоправдан, бидејќи односите на НАТО со своите сојузници не се само официјални, тие имаат и емотивна основа. НАТО е организација што секогаш е подготвена да им помогне на своите сојузници кои соочуваат со предизвици, како Црна Гора и Северна Македонија, со цел да се вратат на вистинскиот пат. Со ова можеме да донесеме заклучок дека овој говор на омраза кон американската амбасада е целосно неоснован.

***

Оваа активност е дел од проектот “Сајбер Хигиена: Разбирање на предизвиците за компјутерска безбедност како интегрален дел од основната задача на НАТО за колективна одбрана”, финансиски поддржан од Одделот за Јавна Дипломатија на НАТО во Брисел, Белгија.

Мислењата и гледиштата изразени во овој извештај ги рефлектира мислењата и гледиштата на НЕКСУС Граќански концепт и во никој случај не ги претставува мислењата на Одделот за Јавна Дипломатија на НАТО во Брисел.