fbpx

Филипче: Извршена првата трансплантација на срце во земјава

-

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека првата трансплантација на срце е извршена синоќа а Клиниката за кардиохирургија во Скопје.

„Трансплатацијата успешна! „Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги“, напиша Филипче на својот профил на Фејсбук.

Срцето е трансплантирано од почината пациентка чие семејство се согласило да го донира срцето на пациент кој подолго време чекал донор.

На експлантацијата работеле др Марјан Шокаровски и др Александар Колевски од Клиниката за државна кардиохирургија, др Александар Николиќ од Аџибадем Систина, а од КАРИЛ анестезијата ја воделе др Маја Мојсова Мијовска, др Весна Дурнев и др Билјана Андоновска.

Трансплантацијата на срцето ја работеле проф. др. Сашко Јовев и академик Жан Митрев заедно со др Васил Папестиев, Др Марјан Шокаровски, др Ванѓел Здравески, др Кјутим Џелили, др Тања Анѓушева, др Никола Христов, др Стефанија Хаџиевска, Др Надица Мехмедовиќ, др Весна Миташова, Др Јасмина Илиевска, др Марија Гераковска и др Димче Славевски од Аџибадем Систина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...