Ежето Sonic со свое DLC вo Minecraft

Фото: Принтскрин, Нинтендо, Јутјуб

Ежето Соник (Sonic the Hedgehog) е популарен лик од компанијата SEGA што годинава слави 30 годишнина. На летниот фестивал за игри (Summer Game Fest 2021) музиката од играта ја свиреше симфониски оркестар-настан што изнуди секакви збунувачки реакции кај стримерите и дури го третираа тоа како смешно.

Всушност Sonic на времето изгледаше како доста добра игра и иако кога го создале Нинтендо сакале Sonic да биде нивната нова маскота – не можел и сè уште не може да ја надмине маскотата Super Mario.

Sonic е малку „исфорсиран” лик што го буткаат, затоа што ниту поновата Sonic игра ниту најновиот „полу-цртан полу-филм” не предизвикаа голем интерес како што очекувале иако го ангажираа Џим Кери да го глуми главниот негативец „Доктор Роботник”.

Единствено време кога Sonic беше на врвот на играност е токму кога излезе играта прв пат, играта беше брза иако графиката беше „коцки-коцки” на децата тогаш им изгледаше WoW но не беше толку достапна како други игри можеби и заради таа недостапност се должи и денешната непопуларност. Имено, тогаш децата можеа да ја играат само на флипери во флиперници, додека кај нас ја немаше за домашните компјутери и конзоли што најчесто беа првото нинтендо и комодоре 64.

Со новото DLC во Minecraft гледаат да го вратат тоа златно време на Sonic. Дека и самата Minecraft е направена да им даде смисла на новите деца со каква графика растеле нивните родители. Тука се „поклопуваат коцките”: и за Sonic дека се сметаше за графички солидна игра пред 30тина години. И сега се враќа нова верзија на играта во ултра популарна креативна игра како Minecraft каде и возрасни се уклучени и прават архитектонски чуда во играта. Додека нивоата што ги прават децата се интересни со куќи, замоци, подземни простории, сефови и така натаму, сосема друго е кога ќе излезе нова експанзија или DLC (Downloadable Content) што е сработена од професионалци. Еве како изгледа најновата игра:

Интересното е што можете да се тркате со пријатели во играта, има 25 скинови и сите постоечки ликови од претходните игри кога бирате со кој лик ќе играте. Се продава за 8 долари а базичната верзија на Minecraft потребна за ова DLC чини 30 евра или ако сакате повеќе бонуси во играта има и базична верзија што чини 50 евра.