Европските музички награди откажани поради војната на Израел и Хамас

Церемонијата требаше да се одржи на 5 ноември со настапи на Сабрина Карпентер, Рене Рап, Озуна и многу други. 

Извор на фотографија: MTV - https://www.mtvema.com, Public Domain, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=138225815search=mtv+emas&title=Special:MediaSearch&go=Go&type=image

Европските музички награди на MTV (MTV EMAs), оваа година се откажани поради војната на Израел и Хамас, пренесуваaт од Асошиејтед прес.

Церемонијата требаше да се одржи на 5 ноември со настапи на Сабрина Карпентер, Рене Рап, Озуна и многу други.

„Настанот е годишна прослава на глобалната музика. Гледаме како продолжуваат да се одвиваат разорните настани во Израел и Газа и ова не изгледа како момент за глобална прослава. Со веќе изгубени илјадници животи, ова е момент на жалост“, се вели во соопштението на портпаролот на компанијата.

Во соопштението, исто така, велат дека одлуката е донесена „за претпазливост за илјадниците вработени, членови на екипажот, уметници, обожаватели и партнери кои патуваат од сите страни на светот за да го доживеат шоуто“.

Настанот следен пат ќе се одржи во ноември следната година.

Најмногу номинации оваа година имаше Тејлор Свифт во 7 категории, а номинации во 6 категории имаа Оливија Родриго и СЗА.