fbpx

Едно лице убиено, а уште две повредени во пукање на „Пластичарска“

Убиениот е 29-годишен скопјанец, кој со повреди бил однесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ заедно со уште едно 19-годишно лице, по што починал

-

Едно лице загина, а две се повредени во престрелка со огнено оружје која синоќа околу полноќ се случила на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска“ во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Убиениот е 29-годишен скопјанец, кој со повреди бил однесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ заедно со уште едно 19-годишно лице, по што починал.

Претходно уште едно лице било однесено со повреди од огнено оружје во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

„На 26.05.2024 околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје имало пукање. Во 23.45 часот, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје. Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот“, се вели во извештајот на МВР.

Од Основното јавно обвинителство Скопје утрово информираа дека во текот на ноќта бил извршен увид на „Пластичарска“ каде се случило пукањето.

Јавен обвинител издал наредби за вештачење на трагите прибрани од местото на настанот, а МВР постапува за откривање на сторителите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претседателката Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо, соопштија од претседателскиот кабинет. На средбата било констатирано дека билатералните односи меѓу двете држави се основани...