fbpx

Два американски бомбардери и 4 ловци Ф16 прелетаа на небото над Скопје како честитка за членството во НАТО

-

Два американски бомбардери Б-1, придружени од 4 ловци Ф-16, денеска прелетаа над Скопје за да го честитаат македонското членство во НАТО.

„Денеска и на македонското небо можевме да видиме дека е точна тезата – ние сме НАТО. За жал немавме можност сред пандемијата со корона вирусот да го прославиме нашето членство, меѓутоа, денешниот настан, заедничката координирана акција на нашата армија заедно со НАТО командите, заедно со воздухопловните сили на САД, покажува дека интеграцијата не е само политичка, туку е реална, воена и одбранбена“,  изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Бомбардерите полетале од Северна Дакота, САД, на 30-часовен непрекинат лет, а Северна Македонија со оперативниот центар на Армијата учествувала во постојаната комуникација и координација на летот.

„Сево ова трае неколку минути, но зад тоа се многу подготовки, многу работа“, објасни Шекеринска.

Авионите на американското воено воздухопловство во прелетот над Бугарија биле придружени од четири грчки ловци Ф-16, со кои влегле во македонскиот воздушен простор и од над Штип, Велес и скопскиот аеродром прелетаа над Скопје. Летот, според Армијата, бил на висина од 1.500 метри.

„Прелетот е и знак на континуирана поддршка, и гест за добредојде на Северна Македонија, 30 член на Алијансата“, рече амбасадорката на САД Кејт Брнз. Таа нагласи дека поради пандемијата не треба да заборавиме дека годинава се случија две историски исчекори за Македонија – членството во НАТО и зеленото светло за почеток на преговори со ЕУ.

„Прелетот, авионите кои ги видовте денеска се потврда дека американската посветеност кон НАТО алијансата и, особено, кон нејзиниата најнова членка, останува цврста“, рече Брнз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...