fbpx

Дрекслер: Преку уставна жалба, на граѓаните треба да им се овозможи да тужат за своите права пред Уставниот суд

Амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер изрази поддршка за иницијативата за воведување на уставна жалба во земјава

-

Амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер изрази поддршка за иницијативата за воведување на уставна жалба во земјава, со што ќе се овозможи граѓаните да тужат за сите права од Уставот пред Уставниот суд на РСМ. Во текот на нејзиното излагање на Регионалната конференција на која е промовирана студија за уставна жалба во Република Северна Македонија, амбасадорката Дрекслер порача:

„Северна Македонија ја има сигурната поддршка на Германија, а тука се подразбира и поддршката за Уставниот суд. Се приклучувам заедно да се бориме за довербата на граѓаните во правниот систем и во правосудството”, рече Дрекслер.

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска вчера повика на поддршка од сите политички чинители за воведување на уставна жалба во С. Македонија. Таа се обрати на Регионалната конференција, која се одржа со цел промоција на потребата од воведување на уставна жалба. Без уставна жалба, граѓаните не можат да се жалат пред Уставниот суд за прекршување на многу права и слободи, како што се загадувањето, прислушувањето, прекршувањето на правото на наследство, на мајчинство, на сопственост… Инаку, од државите во регионот, само во Македонија го нема инструментот уставна жалба.

Проектот за изразување на потреба од воведување на уставна жалба кој го спроведува Уставниот суд е реализиран преку фондацијата ИРЗ и поддржан од германската амбасада и Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Раководителот на проектот од ИРЗ, Штефан Пирнер испрати порака до сите чинители кои можат да придонесат уставната жалба да биде дел од Уставот, како делотворен правен лек со чија помош граѓаните ќе добијат уште една можност да се обратат во Уставниот суд за секое право, пред да тужат во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

„Ниеден политичар нема да ги расипе односите со граѓаните затоа што ќе се залага за уставната жалба, напротив тие ќе бидат среќни и бенефит од овој инструмент ќе имаат сите. Ако ви треба поддршка од Германија, бидејќи ние сме земјата на уставната жалба, сметајте на нас. Сите правници се сложни дека е потребна уставната жалба, ситуацијата како што е сега, е системска грешка. Онаму каде што можам да учествувам како граѓанин, повеќе се идентификувам и затоа е уставната жалба важно средство за еден вид на граѓанско самоуправување, бидејќи на тој начин учествува во креирање на правото. Знаеме дека патот е долг и треба да се изоди, но ние нема да го поминеме молчешкум”, рече Пирнер.

Од државите во регионот, само во Македонија го нема инструментот уставна жалба

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...