Дигитална трансформација на локално ниво – вклучена заедница за отпорност на корупција, најновиот проект на Метаморфозис, Блинк 42-21 и Рурална коалиција

Проектот има за цел да ја поврзе заедницата за поголем отпор кон корупцијата на локално ниво

-

Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со Рурална коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21, вчера го потпишаа најновиот проект „Дигитална траснформација на локално ниво – вклучена заедница за отпорност на корупција (ДИГИЛОГ)“, во рамки на добиениот грант од ЦИВИКА Мобилитас – проект на Швајцарската амбасада, кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.

Проектот има за цел да ја поврзе заедницата за поголем отпор кон корупцијата на локално ниво.

„Сузбивањето на корупцијата е суштинско за зголемување на довербата во институциите, заштитување на демократијата, промовирање правичност и добро управување. Граѓаните ja препознаваат корупцијата како најголем проблем, а коруптивниот притисок и виктимизацијата се значително зголемени. Затоа сметаме дека искористувањето на придобивките од дигиталните технологии може значително да ја унапреди транспарентноста на локално ниво и со самото тоа да ја намалат корупцијата, на што и целиме со овој проект”, изјави за Порталб.мк, Мила Јосифовска Даниловска, менаџер на програми – Општествена отчетност и човекови права онлајн во Фондацијата Метаморфозис.

Специфични цели на проектот се унапредување на отвореноста на општините преку подобрена соработката помеѓу ГО и граѓаните со локалните власти и активно вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки преку иновативни дигитални алатки.

Проектот ќе трае 34 месеци и ќе опфати општини од осумте плански региони на Северна Македонија.

Во рамките на повикот се доделени уште седум проекти за организации кои во партнерство со други организации ќе ги реализираат планираните активности.

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради која мноштво...

ЕФЦСН: Чекор кон побезбеден информациски простор во Европа

Европската мрежа за стандарди на проверката на факти (ЕФЦСН) ја поздравува конверзијата на Кодексот за практика за дезинформации на ЕУ во Кодекс на однесување согласно Законот за дигитални услуги (DSA). Според...

Федерален судија ѝ нареди на администрацијата на Трамп да ги „одмрзне“ средствата за стотици организации

Федерален судија ѝ нареди администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги „одмрзне“ средствата за стотици странски организации кои тврдат дека биле негативно погодени од 90-дневното целосно замрзнување, објави Ројтерс. Оваа...

„Мечиња за дечиња“ – уметничка акција за заштита на личните податоци и за лажни вести

Уметничката акција „Дечиња за мечиња“ беше изведена денеска, петок, 14 февруари, во трговскиот центар Бисер во населбата Аеродром. Акцијата на уметницата Маја Танева и Центарот за современи уметности е посветена на...

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради...