Девојка на ТикТок преку видеа ги коментира и рангира теориите на заговор во светот (видео)

Студентката Аби Ричардс стана актуелна на социјалната мрежа „ТикТок“, откако почна да објавува видеа во кои ја презентираше својата превртена пирамида со теории на заговор што се шират низ светот. Во табелата таа ги рангира од: работи кои што навистина се случиле, работи за кои јавноста има прашања, научно негирање што е опасно за себе и околината, како и за „точка од која нема враќање“.

Самата табела се покажа толку популарна што Ричардс сега објавува серија видеа во коишто ги објаснува рангирањата со свои зборови. Видеата иако се смешни, воедно се информативни.

Во едно од нив, Ричардс објаснува за заговорите за кои се знае дека се вистински, вклучувајќи ги и разните операции на ЦИА.

Следниот дел од графиконот, прикажува теории на заговор за кои луѓето имаат некои легитимни прашања, но за нив има шпекулации. Ова вклучува теории за разни јавни личности кои мистериозно починале, како што се Мерлин Монро, Принцезата Дијана и атентатот на Кенеди.

Во третиот дел, како што вели Ричардс, ја преминуваме линијата „напуштање на реалноста“ и влегуваме во навистина чудни работи што се прилично безопасни за општата човечка популација. Ричардс се повикува на теориите како на пример: пејачката Аврил Лавињ има двојничка, Принцот Чарлс е вампир, Грета Тунберг патува низ времето, вонземјани го имаат изградено Стоунбриџ и слично.

@tofology

Breaking down my chart! I’m so excited to do all of these!! #part1 #conspiracytheories #rationality #politics #PetThings #theconspiracychart

♬ Blue Blood – Heinz Kiessling & Various Artists

Подоцна следи делот каде што се отфрлаат тврдењата на науката како: за тоа дека корона вирусот е направен во лабораторија, теориите на заговор поврзани со 5Г мрежата, диносаурусите не постоеле, глобалното затоплување е измама, Финска не постои, есенцијални масла ги лечат сите болести итн.

Во последниот дел од пирамидата односно, „точката од која нема враќање“ Ричардс ги вметнува најпознатите теории меѓу кои оние поврзани со Бил Гејтс и чипирањето, тврдењето дека земјата е рамна, слетувањето на месечината е излажирано, изводот за родени на Обама е лажен, негирањето дека се случил Холокаустот, како и се она што е поврзано со Џорџ Сорос и Илуминати.