fbpx

Денеска сончево и топло, од понеделник пад на температурата

-

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 26 до 36 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 Целзиусови степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во сабота во попладневните часови времето ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.

Позначителна промена на времето се очекува во недела попладне и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме. Во понеделник и вторник дневната температура ќе опадне за шест до осум степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Коалицијата ВЛЕН им зеде еден пратеник на ДУИ [инфографик]

Првичните неофицијални резултати од денешното прегласување на парламентарните избори на седум изборни места покажуваат дека ДУИ изгуби еден пратенички мандат, а коалицијата ВЛЕН (Вреди), доби еден пратеник плус во...