fbpx

Демерџиев: Не дојдовме овде да правиме провокации, туку да му оддадеме почит на Гоце Делчев

-

Денеска, овие мерки за сигурност се неопходни, а сигурноста значи, сите што сакаат да искажат почит за Гоце Делчев, тоа слободно да дојдат да го сторат, изјави пред малку министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев. Тој положи цвеќе на гробот на великанот заедно со бугарскиот министер за здравство и претставници на бугарската Влада.

Тој кажа дека имало бугарски граѓани кои биле спречени на граница да влезат во Македонија и рече дека треба да се даде можност на сите да дадат почит.

„Нема причина за провокации. Ние треба да одиме напред, а тоа е обединета Европа, тоа налага стабилност. Ние сме должни да изградиме сигурност и стабилност меѓу народите на двете држави. Ние не дојдовме овде да правиме провокации, туку да покажеме почит. Ние сме соседи и добрососедството треба да продолжи“, рече Демерџиев.

Тој додаде дека очекува секој бугарски граѓанин да стаса овде, да положи цвеќе и притоа да биде безбеден.

Прашан за тоа, дали изјавите дека Македонија е бугарска држава се во насока на добрососедски односи, министерот одговори дека Република Бугарија била првата која ја признала Република Северна Македонија.

„Ние го почитуваме македонскиот народ и држава“, потенцира Демерџиев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...