fbpx

Чулев: Протестот во Ченто има политичка заднина

-

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција оцени дека синоќешниот протест во Ченто има политичка заднина и дека МВР ќе продолжи да постапува неселективно за сите оние кои поттикнуваат или не го почитуваат полицискиот час.

„Политичката позадина не го оправдува ова поведение и зборува за тендензиозно загрозување на граѓаните, предизвикано од политички мисли и побуди. Граѓаните свесно се изложија себеси на ризик, што може сите скапо да не чини“, изјави тој.

Според Чулев, откако на социјалните мрежи синоќа се појавија фотографии за  групирање на граѓани во скопската населба Ченто, била извршена контрола, а кога  пристигнале полициските службеници забележале група од осум лица кои почнале да бегаат.

Тројца останале и биле спроведени во полициската станица во Гази Баба. Едно од лицата се преставило како како член на Советот на општина Гази Баба од СДСМ. Против тројцата се поднесени кривични пријави, според членот 206 од Кривичниот законик. Министерот додаде дека по завршување на информативниот разговор, приведените биле пуштени, а во своите искази потврдиле дека се земени од улица и  врз нив немало примена на насилство.

Поголемата група луѓе кои синоќа се собраа во Ченто, реагирала дека приведените биле земени од нивните домови и биле физички малтретирани.

„Потенцирам дека и двете информации не се точни. МВР постапува неселективно кон сите граѓани“, рече Чулев и додаде дека ќе се прегледаат видео снимките од настанот и ќе следат пријави и за оние кои учествуваа и го поттикнаа протестот во Ченто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...