fbpx

Цените на природниот гас во Европа се враќаат на нивото од пред војната во Украина

-

Цените на природниот гас во Европа неделава паднаа на нивото од пред почетокот на руската воена агресија врз Украина на 24 февруари годинава. Фјучерсите, односно договорите за идна испорака, за природен гас на холандскатао ТТФ онлајн берза за  природен гас изминатиов период паднаа под 77 евра за мегават час, пренесува CNBC.

Утрово цената на гасот на ТТФ изнесуваше околу 81,5 евра за мегават час.

На европските берзи гасот изминатово лето ја надмина цената од 345 евра за мегават час, како резултат на зголемената побарувачка за природен гас пред претстојнава зима; а од друга страна понудата на гас беше намалена од страна на Русија, поради воведените санкции од ЕУ кон оваа земја.

Зголемените цени на гасот изминатиов период ги зголемија сметките за енергија во домаќинствата и поттикнаа криза со растечките трошоци за живот низ поголемиот дел од европскиот континент.

Сепак, невообичаеното топло време во текот на зимата во поголемиот дел од северозападна Европа ја намали побарувачката за греење и му овозможи на континентот да ги надополни своите залихи на гас.

„Голдман Сакс“ во ноември предвиде остар пад на европските цени на гасот во наредните месеци.

Европската Унија минатата недела се согласи за привремен механизам за ограничување на прекумерните цени на природниот гас, кој стапува на сила на 15 февруари 2023 година.

Механизмот за „корекција на пазарот“ ќе се активира автоматски ако предмесечната цена на ТТФ надмине 180 евра за мегават час три последователни дена и ако отстапува за 35 евра или повеќе од глобалната референтна цена за течен природен гас во текот на истите три дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...