Македонија Страница 1505

Македонија

Црвен крст: Дистрибуирани се 17.662 пакети со храна

Тимовите на Црвениот крст на Република Македонија до вчера дистрибуирале 17.662 пакети со храна, 15.000 дневни оброци, 7.600 топли оброци, 3.369 литри млеко, 7.172 литри јогурт, 2.025 пакети со хигиена, 128 тони вода, 630 пакети пелени, 550 душеци, 2.154 кебиња, 600 килограми облека, 286 парчиња чизми, 252 литри дезинтал. Укажани се 92 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст и реализирани се...

Волци задавиле коза и куче во Средно Нерези

Синоќа волци влегле во дворови на куќите во населбата Средно Нерези во Скопје и задавиле едно домашно куче-загар, а во соседниот двор убиле и изеле една коза, соопшти денеска Општина Карпош. Жителите на Нерези забележале голем црн волк кој ги нападнал и куќите од Горно Нерези...

Се уредува патеката покрај каналот Студенчишта

Општина Охрид, ги привршува подготвителните работи околу изградбата и уредувањето на патеката која ќе го следи каналот Студенчишта, на потегот од бараките на АД „Трудбеник“ до „Билјанини извори“. Делот од патеката кој се уредува во првата фаза е долг 346 метри, додека целокупната, до ресторанот...

И во поплавите поделени: За едни хаос, за другите потемкинови села

Седум дена поминаа од поплавите во скопско, а медиумите во Македонија откако известија за катастрофалните поплави, имаа различна перцепција за тоа како државата се справува со несреќата. Додека едни критикуваат дека состојбата е катастрофална, тешко се организира помош, се краде храната, по партиска линија...

Ал Ди Меола и Продиџи во Охрид

Викендов Охрид ќе биде центар на музичките збиднувања во земјава. Концертите на еден од најдобрите гитаристи во светот Ал Ди Меола и групата Продиџи, во рамки на фестивалот „Охрид колинг“, се очекува да донесат гости од целиот Балкан, но и од Англија и Холандија. -...

Петнаесет години од Охридскиот рамковен договор

Денеска се одбележуваат 15 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година и се постави рамка за меѓуетнички соживот. Преговорите, почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде завршија со парафирање на...

Денеска голема волонтерска акција за чистење на поплавените подрачја

Членовите на Фејсбук-групата „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје“ ги повикуваат граѓаните на Република Македонија, кои се физички и здравствено подготвени, на заедничка ударна акција за расчистување на теренот на сите критични точки, што ќе се одржи денеска. „Увидот на теренот покажува дека само...

Времето денеска сончево и посвежо

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 7. Температурата ќе се движи од 18 до 28 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе...

Италија ќе додели помош од 200.000 евра за поплавените подрачја

Италија ќе додели 200.000 евра помош со цел да се поддржат активностите на Црвениот крст на Република Македонија, за ублажување на последиците од поплавите во скопскиот регион, соопшти Италијанската амбасада во Скопје. Средствата, како што се наведува, ќе придонесат за финансирање на активностите кои ги...

СДММ ќе организира солидарни акции низ градовите за поплавените подрачја

Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) викендов низ повеќе градови низ државата ќе организира акции на коишто ќе бидат собирани донации. - Најпотребна е конзервирана и храна која има подолг рок на траење како и вода и средства за хигиена, средства за чистење и дезинфекција -...

Министерство за здравство со препораки како граѓаните да се заштитат од заразни болести

Министерството за здравство заедно со Институт за јавно здравје и Центар за јавно здравје-Скопје извршиле санитарно-хигиенски увиди на загрозените подрачја од поплавата во скопскиот регион. За превенција од појава на заразни заболувања се дадени следниве препораки: - Да се користат водоотпорни ракавици, гумени чизми, заштитни очила...

ЕВН Македонија на сопствен трошок ја санира мрежата во поплавените подрачја

Екипите на ЕВН Македонија со сите расположливи капацитети работат на терен за што побрзо да се санираат штетите и да се обезбеди електрична енергија до сите корисници од поплавените подрачја, информираат од компанијата. - ЕВН Македонија не само што не ги наплатува новите броила, туку...

Хаос и некоординираност и по шест дена од поплавите во Стајковци

Шест дена по катастрофалните поплави во Стајковци се уште владее хаос и безредие. Не се знае кој помага, кој дава храна и кога граѓаните да очекуваат механизација која ќе им помогне во исфрлањето на шутот од нивните домови. Дури на самото место се гледа...

Собрани 546.723 евра на солидарната сметка на Црвен крст и од телефонските броеви

На жиро сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст до денеска се уплатени 20.987.497 денари или 341.260 евра, а од донирањето на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 собрани се 12.636.000 денари или 205.463 евра, или вкупно 546.723 евра. Во текот на изминатите...

Грција испраќа две пратки со помош за поплавените подрачја во Скопје

Првата пратка помош од Грција за подрачјата погодени од поплавите во Скопје и околината треба да пристигне попладнево, соопштија од Канцеларијата за врски на Грција во Скопје. Оттаму прецизираат дека генералниот секретаријат за цивилна заштита во соработка со грчката противпожарна бригада во земјава испраќаат пет...

ЗНМ: СЈО ќе помогне вистината да излезе на виделина во случајот за Зоран Божиновски

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со која бара да го преземе од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корпуција предметот против новинарот Зоран Божиновски, поврзан со случајот „Шпион“. Божиновски е во притвор од...

Кубанската поетеса Морехон испрати порака со сочувство до настраданите во поплавите

Кубанската поетеса, Ненси Морехон, добитничка на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2006 година, испрати порака со сочувство до настраданите во поплавите што го погодија Скопје и околината. Пораката, Морехон ја упати преку Струшките вечери на поезијата. „Драги пријатели, додека слушав вести, чув...

МПЦ-ОА ќе формира солидарен фонд за настраданите во поплавите

Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) донесе одлука да формира солидарен фонд, во кој со свои финансии ќе учествува клирот на Црквата, храмовите, манастирите и епархиските центри. Овие средства ќе бидат соодветно распределени на настраданите во поплавите. Одлуката е донесена на денешниот координативен состанок...

Горат депониите во Источна Македонија

Со денови гори депонијата кај Кочани, на патот за Пониква, а чадот веќе стигна до градот, што зборува за големината на огнот. Запалена е целата депонија каде се носи отпадот од Кочани и околината. Не помага ниту земјата која врз огнот ја истураат неколкуте вработени на...

Хелсиншки комитет: Сторен е огромен пропуст во преземањето на превентивни мерки за заштита

Хелсиншкиот комитет смета дека е сторен огромен пропуст во преземањето на превентивните мерки за заштита, како и во начинот на справување со елементарната непогода што го погоди подрачјето на градот Скопје. „Надлежните државни органи, не ги преземале законски определените превентивни мерки. Процената на загрозеност од...

„Слушни ме“ – настан за одбележување на Меѓународниот ден на знаковен јазик

Младинскиот образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, организира настан за одбележување на Меѓународниот...