fbpx

Блок 1 на РЕК Битола вратен на мрежа, санацијата завршена 24 часа порано

-

Блок 1 во РЕК Битола од утрово во 8.35ч е вратен на мрежа и продолжи со производство на електрична енергија, по извршената санација во изминатите два дена, соопшти АД ЕСМ.

Санирањето на пречките во делот на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката се изведени 24 часа порано од предвидениот рок и блокот е вклучен во редовно производство.

„Стручните служби и вработените во РЕК Битола кои беа вклучени во зафатот, покажаа исклучителна посветеност и непрестана работа на задачата, со цел и покрај амортизираната опрема и долгиот рок на работа на термоелектраната, за што пократко време да се отстрани застојот и блокот да се врати на мрежа“, се вели во соопштението од ЕСМ.

РЕК Битола е во очекување да пристигне и трансформаторот за Блок 3 кој во моментот се превезува од Грција кон граничниот премин Меџитлија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...