Нов закон што ќе стапи на сила на 15 декември во Кина ќе воведе строга цензура за сите критички коментари поврзани со вестите. Овој потего доаѓа во време на многу гневни реакции од јавноста поради строгата анти-ковид политика на кинеските власти, па Кинезите оддишка наоѓаа на интернет, пишува хонконшкиот весник „Саут Чајна Морнинг Пост“.
Кинеските социјални медиуми и видео-платформи ќе мора да ги модерираат сите коментари поврзани со вестите пред да се објават и ќе мора да ги засилат обуките за нивните цензори за да се спречи објавување „штетни“ содржини, одредува новиот закон.
Всушност, станува збор за дополнета верзија на Регулативите за администрирање на коментари на постови коишто беа донесени во 2017 година.
Во образложението се вели дека целта е „да се регулираат постовите и коментарите онлајн, да се чува националната безбедност и јавниот интерес (и) да се заштитат првата и интересите на граѓаните“, како што соопшти Администрацијата за кибер-просторот на Кина во средата, објавувајќи ги измените.
Во однос на верзијата од 2017 година, новиот закон подетално ги разјаснува обврските на интернет сервис-провајдерите и оператерите и наредува на онлјан-платформите да вработат тимови за модерирање на содржините што ќе ги прегледуваат сите коментари и ќе ги забрануваат „штетните“.
Тоа ќе се однесува и оригинални постови, на одговори и на коментари во реално време што се појавуват покрај видеата.
Очекувано, јавноста не реагира благонаклоно на тоа.
„А зошто не го исклучите цел интернет“, гласи еден пост на Веибо, кинеска микро-блогерска платформа, пандан на Твитер.