fbpx

Бензинот Еуросупер 98 поевтинува за два денара

Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 е 80 денари, цената на ЕУРОДИЗЕЛ е 73 денари, соопшти РКЕ

-

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2 денари за литар, со што новата цена сега е 82 денари. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

„Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 е 80 денари, цената на ЕУРОДИЗЕЛ е 73 денари, малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72 денари и цената на мазутот М-1 НС е 43,2 денари“, соопшти РКЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ВМРО-ДПМНЕ повторно ја враќа оградата од ковано железо околу Владата

Меѓу многуте одлуки од денешната, втора седница на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, донесена е и одлука за враќање на оградата околу владината зграда, која беше отстранета пред пет...