fbpx

Беличанец-Алексиќ направи увид на градежни работи во Кисела Вода

-

Течат градежните активности за изградба на атмосферска канализација на улицата Боро Камчевски во населбата Бирарија. Градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, денеска изврши увид во работата на фирмата ДГТУ „Адра“ ДООЕЛ од Скопје, која веќе три седмици интензивно работи на терен.

Како што се наведува во соопштението, се поставуваат полипропиленски цевки во должина од 194 метри, ќе се постават и сливници, а по завршување на монтажните работи улицата ќе биде поплочена.

Од Општината наведуваат дека динамиката со која течат активностите е задоволителна и доколку временските услови тоа го дозволат, за околу еден месец може да се очекува проблемот со одведување на атмосферските води од овој дел на општината да стане минато. Добивките директно ќе ги почувствуваат околу 400 жители кои живеат во близина.

За изведба на атмосферската канализација на улицата Боро Камчевски, Општина Кисела Вода од својот буџет издвои 2.700.000 денари.

За време на увидот на терен, градоначалничката Беличанец-Алексиќ поразговарала и со жителите од овој дел од општината, кои ѝ укажале на своите потреби и барања што ги имаат од Општината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...