Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, 6  јануари 2015 година (вторник), Бадник, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, додека 7  јануари 2015 година (среда), првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Божик на граѓаните од православна вероисповед.