Автобуската станица во Тетово ги остава патниците без превоз, чекањата продолжуваат

-

Стана веќе традиција, автобусот се полни и тргнува, a граѓаните иако пристигнуваат на време, продолжуваат да чекаат. Истото, што не е прв случај, се случи и денес на автобуската станица во Тетово, пишува „Порталб.мк.

Автобусот што сообраќа на релацијата Тетово – Скопје денеска оставил патници да чекаат бидејќи немало слободни места, откако се наполнил. Иако патниците пристигнале на време, сепак продолжиле да ја чекаат следната тура. Во секоја тура има по околу 10 оставени граѓани.

Ова кај патниците предизвикало револт и нервоза, а иако побарале објаснување од автобуската станица, не добиле одговор.

„Ете, дојдов на време, автобусот беше полн и не ме зема. Но, ја чекам следната линија. На вебсајтот е објавен точниот распоред, но тргнале порано затоа што автобусот се наполнил. А, и компаниите што се запишани во распоредот не се исти“, рече една револтирана граѓанка.

Таа рече дека и други денови трчаме за да фатиме место бидејќи нема ред и организација.

„Иако имаш билет, немаш резервирано место“, додаде истата госпоѓа.

Од друга страна, според Законот за патен превоз, доколку релацијата на линијата е 0 – 40 км, тогаш тргнување ќе има на секои 30 минути, ако е 41-80 км, тргнување ќе има на секои 50 минути, ако е должината е 81-120 км, тргнување ќе има на секои 60, а ако е долга околу 120 км, тргнувања ќе има на секои 90 минути.

Превозниците кои не се вклучени во мрежата на меѓуградски сообраќај, бараат измени на законот за, како што велат, да бидат вклучени во мрежата и да го зголемат квалитетот и конкуренцијата помеѓу превозниците. Иако превозниците при добивање на линијата треба да размислуваат за дополнителни механизми за одржување на истата, со цел да ги задоволат потребите на линијата, во овој случај, да обезбедат дополнителни возила за да обезбедат превоз за патниците, праксата покажува дека тие не постапуваат така. Министерството не изразува подготвеност за измени на законот, иако се свесни за состојбата.

Од друга страна, за четири месеци во Македонија се евидентирани низа несреќи и неправилности во автобускиот превоз. Најдрастична беше несреќата кај Ласкарци при што загинаа 16 лица, а поради преоптовареност на настрада и изгоре друг автобус кај Петровац, Црна Гора. За овој случај Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи не даваат информации за причините, додека превозникот кратко изјавил дека дефектот бил во задниот дел на моторот.

Експертите прашуваат што презема државата за да спречи повторување на некоја слична катастрофа во иднина?

• Дали државата презема мерки за да ја намали просечната старост на автобусите што сообраќаат низ целата држава?

• Дали е започната постапката за изменување и дополнување на регулативата, со што ќе се исклучи можноста превозниците да бидат истовремено сопственици на станици за техничка контрола на возилата?

• Дали полициските служби и патролите на МВР ќе имаат поголеми надлежности при проверките на техничката исправност на автобусите?

„Токио Гејм Шоу“ се одржа минатиот викенд

Минатиот викенд се одржа овогодишното издание на „Токио Гејм Шоу, можеби настанот со најинвентивни идеи од светот на видео-игрите. Оваа година целата манифестација пријатно ги изненади сите гејмери ширум...