fbpx

Сончево со умерена облачност и температура до 36 степени

-

Времето денеска претпладне на истокот ќе биде сончево, а кон запад со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а на крајниот запад ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Попладне на север краткотрајно ќе засилува северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 8 до 17, а дневната од 28 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно попладне ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 33 Целзиусови степени.

До четврток ќе биде претежно стабилно и суво. Од петок ќе има зголемена облачност, повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...