fbpx

АПМ ја констатира оставката на Зиков: Вонредни избори и непартиска техничка влада

-

Главниот одбор на Алијанса за позитивна Македонија (АПМ) на вчерашната седницата ја констатирал неотповикливата оставка на претседателот Љупчо Зиков, се наведува во соопштението.

Раководството ја разгледало актуелната политичка состојба во земјата и оценило дека државата е во длабока политичка криза, која не може да се надмине без сериозен ангажман на меѓународната заедица, пред сè на ЕУ и на САД.

АПМ го поздрави почнување на дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел. Приоритет во решавањето на кризата треба да се даде на политичкиот договор, во кој ќе бидат вклучени и парламентарните политички партии од „албанскиот блок“.

„До политичко решение на кризата треба да се дојде преку вонредни парламентарни избори, кои ќе бидат организирани според нов iзборен законик. Новото изборно законодавство треба да обезбеди: целосно одвојување на партиите од државата и од управувањето со изборниот процес, земјата да биде една изборна единица, да има отворени кандидатски листи, да се обезбеди департизација на ДИК, додека пред распуштање на парламентот за сите наредни парламентарни избори да се формира непартиска техничка влада што ќе ги реализира“, стои во соопштението.

Главниот одбор на АПМ констатирал дека е потребно како вонпарламентарна опозициска партија, да почне разговори за соработка со другите вонпарламентарни опозициски партии, но и со парламентарите партии кои се залагаат да демократизацијата на македонското општество, преку демократизацијата на политичките партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...