Ангеловска-Бежоска и Гир: Членството на СЕПА е приоритет на ЕУ за земјите од Западен Балкан

Придобивките од членството на Северна Македонија во СЕПА за граѓаните вклучува поевтин, побрз, безбеден, едноставен и ефикасен начин за безготовински плаќања во евра кон земјите членки на СЕПА

-

На средба со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија Дејвид Гир ги поздрави напорите на Народната банка за подготовка и поднесување на барањето за членството во Единствената европска платежна област, подобро позната како СЕПА.

Членството во СЕПА е еден од седумте приоритети за зајакнување на економско интегрирање согласно Планот на Европската комисија за раст и побрза интеграција на регионот на Западен Балкан.

На средбата тие установија дека поднесувањето на апликацијата за пристапување кон Единствената област за плаќање со евра СЕПА е историски значаен чекор што ќе ни овозможи пристап до европскиот платежен систем и користење на придобивките од тоа и пред земјава да биде членка на ЕУ.

Ангеловска-Бежоска потенцира дека придобивките од членството на Северна Маедонија во СЕПА за граѓаните вклучува поевтин, побрз, безбеден, едноставен и ефикасен начин за безготовински плаќања во евра кон земјите членки на СЕПА. Гувернерката посочи дека земјава очекува позитивна одлука од Европскиот Совет за плаќања, по што би се случило ефективното пристапување со вклучување на домашните даватели на платежни услуги во платните системи во СЕПА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...